Wednesday, May 11, 2016

МАВРОВСКО ЕЗЕРО

Мавровско Езеро


Мавровско Езеро — вештачко езеро во северозападниот дел на Македонија. Се наоѓа на 1200 м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина. Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската Котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро.
Новосоздаденото езеро поплавило 1370 хектари земјиште претежно под ливади и акумулира околу 357 милиони кубни метри вода. Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км. Најголемата длабочина од 50 м ја достигнува во близина на браната која е висока 54 м, долга 210 м и широка 5м. во основата браната е широка 286 м и во неа се вградени 705.000 м³ материјал.
Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година. Мавровското Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат
високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

1 comment:

  1. Мавровското езеро како и секогаш најдобро.

    ReplyDelete