Мавровска Котлина
Мавровската Котлина е највисока котлина во Македонија. Се наоѓа помеѓу планините Бистра на југ и разграноците на Шар Планина, Кожа и Крстови на запад и исток, на надморска височина од 1.200 m. Зафаќа површина од 92 km². Преку превојот Бунец (1.318 m), на исток е поврзана со Полошката Котлинаолошката Котлина
Котлината е формирана со неотектонски движења и за време на плиоценот имало езеро, за кое сведочат плиоцените седименти. Во котлината се наоѓа познатата мавровска акумулација.
Во самата котлина има неколку селски населби, меѓу кои најпозната е с. Маврово, кое е еден од најпознатите зимски туристички центри во Македонија. Низ котлината, покрај мавровската акумулација минува една од главните комуникациски правци: Скопје – Гостивар – Маврови Анови – Дебар.

ubavo e izraboten ovaj blog
ReplyDelete