Wednesday, May 11, 2016

НАЦИОНАЛЕН ПАРК МАВРОВО

Национален парк Маврово

Маврово — национален парк во западна Македонија кој зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу тритенационални паркови во Македонија. Како национален парк е прогласен во 1949 година и неговата географска положба е 41°40’N и 20°46’E[1]. Во границите на паркот се опфатени планините: КорабДешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во склопот на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро.

Во границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки форми: речни долиниклисуриводопадикарстни полињауваливртачипештерицирковиглацијални езера, разни видови на денудациони облици и сл. Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума. Во границите на националниот парк Маврово се наоѓаат преку 52 планински врвови со надморска висина над 2000м од кои попознати се врвот Меденица на планината Бистра, Веливар, Сандакташ и др. Посебно значење за националниот парк Маврово има врвот Голем Кораб (2764 мнв.) кој е воедно и највисок врв во Р.Македонија а со тоа и највисока точка на паркот . Најниската точка на националниот парк Маврово е на 600 мнв. и се наоѓа на самото место каде што Мала Река се влева во реката Радика.
Како резултат на големата издиференцираност на релјефот, националниот парк Маврово се одликува со извонредно флористичко богатство, коешто се состои од над 1000 видови виши растенија, од кои, 38 се дрвни видови, 35 грмушки а околу шеесетина се ендемични, реликтни или ретки видови. НП Маврово претставува класично наоѓалиште за 7 растителни видови, единствено е наоѓалиште во Македонија за 12 ретки растителни видови а во границите на паркот се сретнуваат уште 33 видови растенија коишто се многу ретки во останатите делови на Македонија.Националниот парк Маврово е единствено наоѓалиште во републикава за 12 ретки растителни видови а во неговите граници се среќаваат уште 33 други видови на растенија кои се многу ретки во останатите делови од државава. Фауната на националниот парк Маврово исто така се одликува со значителна разноликост. Таа се состои од 140 видови птици, од кои, позначајни се: сивиот соколорелот крстачсуриот (златен) орелшумскиот утголемиот був,ливадската ејастепската еја, како и 11 видови водоземци, 12 видови на влечуги и 38 видови цицачи. Од цицачите најважни се:мечкатарисотдивокозата и дивата мачка....

МАВРОВСКО ЕЗЕРО

Мавровско Езеро


Мавровско Езеро — вештачко езеро во северозападниот дел на Македонија. Се наоѓа на 1200 м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина. Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската Котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро.
Новосоздаденото езеро поплавило 1370 хектари земјиште претежно под ливади и акумулира околу 357 милиони кубни метри вода. Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км. Најголемата длабочина од 50 м ја достигнува во близина на браната која е висока 54 м, долга 210 м и широка 5м. во основата браната е широка 286 м и во неа се вградени 705.000 м³ материјал.
Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување. Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година. Мавровското Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат
високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

МАВРОВСКА КОТЛИНА

    Мавровска Котлина


   Мавровската Котлина е највисока котлина во Македонија. Се наоѓа помеѓу планините Бистра на југ и разграноците на Шар ПланинаКожа и Крстови на запад и исток, на надморска височина од 1.200 m. Зафаќа површина од 92 km². Преку превојот Бунец (1.318 m), на исток е поврзана со Полошката Котлинаолошката Котлина
       Котлината е формирана со неотектонски движења и за време на плиоценот имало езеро, за кое сведочат плиоцените седименти. Во котлината се наоѓа познатата мавровска акумулација.  
       
       Во самата котлина има неколку селски населби, меѓу кои најпозната е с. Маврово, кое е еден од најпознатите зимски туристички центри во Македонија. Низ котлината, покрај мавровската акумулација минува една од главните комуникациски правци: Скопје – Гостивар – Маврови Анови – Дебар.